Во Неготино денеска по повод празникот 11 Октомври бројни делегации положија цвеќе пред бистите на загинатите првоборци.
– Денешниот собир е посветен на одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борците на Македонија. На овој ден пред 76 години, се огласија истрелите од првите партизански пушки во Прилеп и Куманово. Тие беа првите искри кои го запалија факелот на слободата, започна славната четиригодишна Народноослободителна борба, која беше победоносна и резултираше со слобода и создавање на сопствена држава, рече меѓу другото Петар Стефанов, секретар на Општинската организација на Сојуз на борци од НОВ и граѓани продолжувачи.
Тој се осврна и на учеството на населението од Неготино во таа борба за слобода.