Во Неготино излезеност од 55.07 отсто до 18:30 часот, во Демир Капија 72.64, во Росоман 77.5 проценти

Од:

Во Неготино излезеноста е 55.07 отсто до 18:30 часот, во Демир Капија 72.64 , во Росоман 77.5 проценти. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, во Демир Капија на 11 и во Росоман се спроведува вториот круг од локалните избори на 10 избирачки места.

Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски.

Како што информираат од општинските изборни комисии, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено