Во Неготино бројни активности по повод Денот на европската соработка

Од:

Облечени во маички со логото „Заедно ја сликаме иднината“, стотина учесници од општина Неготино годинава по седми пат, со бројни активности спроведени на различни локации на отворен простор, со поддршка на ИНТЕРЕЕГ-ИПА-ЦБЦ програмата и Министерството за локална самоуправа, го одбележаа „Денот на европската соработка“.

– Активностите започнаа на поставените промотивни штандови пред општина Неготино, со дистрибуирање на флаери со информации за достапните фондови на ЕУ во различни области и делење на разни промотивни материјали од предходно реализирани проекти, од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. А паралелно, работници на ЈКП„Комуналец“ во паркот до зградата на локалната самоуправа и централното градско подрачје, ја спроведоа еколошката акција „Заедно до почист град“, рече Методи Митрев, портпарол во општината.

Под мотото „Пееме за Европа“, пеачка група од ООУ„Гоце Делчев“ имаше свои изведби во дворот на училиштето, а настап имаа и пред зградата на општина Неготино, Здружението „Порака“ и СОУ„Св. Кирил и Методиј“.

– Групата пак од неготинската гимназија настапи со изведба на интересна кратка кореографија со песни на македонски и англиски јазик и сликаа во дворот на училиштето, под мотото „Креативност до Европска соработка“. Денот на Европската соработка се одбележа и во Здружението на лица со посебни потреби „Порака“, со организирање на креативна работилница на ракотворби, при што исто како и учесниците во гимназијата и тие беа посетени од мобилната пеачка група од ООУ„Гоце Делчев“. Пчеларското здружение „Неготински мед“, водејќи се под мотото „Преку соработка до развиено пчеларство со Европски стандарди“, изведе практична примена на мобилна показна опрема за пчеларство на две локации-во просториите на Здружението и во пчелниот парк во село Вешје, додаде Митрев.

Настанот кој беше од отворен карактер, беше проследен од голем број заинтересирани граѓани од општина Неготино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

А1он