Во недела прегласување во Центар, Ѓорче Петров и Струга, втор круг од локалните избори во Долнени

Од:

Во недела на 21 април вториот круг од локалните избори ќе се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Државната изборна комисија (ДИК) на синоќешната седница констатираше дека Управниот суд прифатил тужби на СДСМ за четири гласачки места од различни скопски општини, но таму нема да се прегласува бидејќи тоа нема да влијае на изборниот резултат за градоначалник на Скопје.

Во општина Центар на 29-те избирачки места, во избирачкиот список се запишани 22.939 гласачи, во Струга на деветте 7.885 и во Ѓорче Петров на избирачкото место 2.588 во Волково се запишани 1.320 гласачи.

Во општина Центар, Андреј Жерновски, кандидат на коалицијата „Сојуз за иднината“ имаше 981 глас повеќе од кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ.

Во Струга, пак, Зијадин Села од ДПА, поддржан и од ДУИ, доби 20.770 гласови, додека кандидатот на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочоски 15.276.

Во скопската општина Ѓорче Петров Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 11.934, а Александар Наумовски од коалицијата „Сојуз за иднината“ 10.995 гласачи.

Во Долнени ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори. Гласачите својот избор треба да го направат меѓу Боше Милошевски од коалицијата „За подобра Македонија“, кој во првиот повторен круг освои 2.172 гласа, и Абдула Бајрамоски од ДУИ, кој освои 2.057 гласови.

Во текот на следните денови треба да бидат испечатени гласачки ливчиња за повтореното гласање, како и за вториот круг во Долнени. До ОИК барање за гласање може да достават изнемоштените, болните и оние во домашен притвор.

На синоќешната седница ДИК го констатира престанокот на пратеничкиот мандат на Ванчо Апостолов и Стефче Трпковски, кои освоија градоначалнички мандат. На нивно место во Парламентот ќе влезат Христина Рунчева и Панче Дамески од коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“