Во недела прегласување на 29 избирачки места во Центар, во девет во Струга и едно во Ѓорче Петров

Од:

Во недела од 7 до 19 часот вториот круг од локалните избори ќе се повтори на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Во општина Центар ќе се прегласува на избирачките места 2796, 2797 и 2799  во ОУ „Кочо Рацин“, 2802 во ДСУ „Д-р Панче Караѓозов”, 2805 во Детскиот дом „11 Октомври“, избирачки места 2806, 2808, 2810 и 2811 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, 2815 во Дом на АРМ, 2817  во ОУ „Димитар Миладинов“ поранешно „Браќа Рибар“, 2822 во ОУ „Кирил и Методиј“, 2832 и 2833 ОУ „11-ти Октомври“, 2839 во Работнички универзитет, 2842 во Погонот на ЖТП на ул. Христо Смирненски бр. 28, 2843, 2845 и 2847 во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци, 2848 и 2849 во ОУ „Гоце Делчев“, 2854 во Фудбалски сојуз на Македонија, 2855 и 2856 во Дом на градежните, 2861, 2862,2863,2866 и 2867 во ОУ „Коле Неделковски“. Вкупниот број гласачи на овие избирачки места изнесува 22.939. Граѓаните ќе бираат меѓу Андреј Жерновски, кандидат на коалицијата „Сојуз за иднината“ и кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ, кој и досега ја извршуваше градоначалничката функција.

Во Струга ќе се гласа на избирачките места 1852 во Управната зграда на ХЕЦ „Глобочица“, 1857 во Управната зграда на Медицинскиот центар, 1860 во Општинската зграда, 1877 во основното училиште во село Радолишта, 1883 и 1884 во основното училиште во село Октиси, 1904 во основното училиште во село Бороец и во 1910 и 1911 во основното училиште во село Подгорци. Во деветте избирачки места во Струга треба да гласаат 7.885 граѓани и тоа за Зијадин Села од ДПА, поддржан и од ДУИ и за Владимир Кочоски, кандидат на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Ѓорче Петров се прегласува во избирачкото место 2588 во културниот дом Волково во село Волково. Запишани во избирачкиот список на ова изборно место се 1.320 граѓани со право на глас. Во оваа скопска општина кандидати се Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Наумовски од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ.

Во Долнени ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори. Гласачите својот избор треба да го направат меѓу Боше Милошевски од коалицијата „За подобра Македонија“, кој во првиот повторен круг освои 2.172 гласа, и Абдула Бајрамоски од ДУИ, кој освои 2.057 гласови.

Утре и в недела е изборен молк, а по затворањето на избирачките места ќе течат роковите за претставки до ДИК, а потоа и за тужби до Управниот суд. Доколку има пријавено немоќни и болни, тие треба да гласаат утре.

Државната изборна комисија (ДИК) го измени роковникот во однос на поднесувањето финансиски извештаи од партиите, имајќи го предвид гласањето во недела. Дополнително беа акредитирани уште неколкумина набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент