Во недела хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Од:

Во недела на 27 март во градскиот парк во Скопје по прв пат ќе се одржи хуманитарна трка на еден километар по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром.

Целта на оваа спортска манифестација е да се подигне свеста за лицата со Даунов синдром, нивен еднаков пристап до спортот и спортските активности.

Трката е од отворен карактер и неа ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства. Сите кои ќе сакаат да учествуваат во трката ќе треба да донираат 150 денари, додека учеството на трката за лицата и децата со Даунов синдром е бесплатно. Сумата која ќе биде собрана ќе се користи за обезбедување услови за тренирање со овие дечиња во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари.

Сите деца со Даунов синдром по завршување на трката ќе бидат наградени со медали и пригодни подароци. За останатите натпреварувачи ќе бидат обезбедени награди по лотарија систем.

На овој спортски хепенинг после трчањето ќе има уште три спортски активности кои се од забавен карактер: мечување, кошарка и фудбал.

Настанот е во организација на Мечувачки клуб Ескрим.

Би можело да ве интересира

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!