Во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово заеднички прославен Курбан Бајрам

Од:

Жителите на мултиетничката населба „Тоде Мендол“ во Куманово денеска заеднички во просториите на месната заедница го прославија празникот Курбан Бајрам.

Прославата ја организира Центарот за меѓукултурен дијалог, а се реализира и во рамките на проектот „Безбедни училишта“со поддршка на Советот на општина Куманово.

– Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните, но и во работата на институциите, кои што се сервис на граѓаните, изјави Виолета Богдановска од СВР Куманово.

Претседателот на месната заедница, „Тоде Мендол“ Шабан Демири истакна дека во ова урбана населба има приближно 17.000 граѓани со различна етничка припадност. И во минатото и денес, додаде, граѓаните заеднички ги прославуваат празниците.

– Целта отсекогаш ни била да живееме мирно, спокојно, во благодет, меѓусебе да си помагаме и мислам дека остекогаш тоа сме го покажувале, рече Демири.

Драгана Јовановска од Центарот за меѓукултурен дијалог, посочи дека оваа младинска организација со години наназад ја организира манифестацијата „Баклавијада“, а оваа година заеднички со СВР Куманово и советот се приклучуваат во организација на проектот „Безбедни училишта“.

Таа ги покани младите да се дружат и да го посетат младинскиот центар „Мулти култи“.

Претседателот на Советот на општина Куманово Александар Арсиќ, додаде дека Советот на општината е еден од организаторите на овие настани со кои се промовира мултиетничкото живеење во градот.

Претходните години, прославата на празниците од проектот „Безбедни училишта“ се спроведуваше во едно од училиштата, но во иднина ќе се спроведува во различни населби и месни заедници во Куманово.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра