Во МНР завршни разговори со новоименуваните вонредни амбасадори

Од:

Во Министерството за надворешни работи денеска се одржа завршен разговор со амбасадорот Василка Попоска Треневска пред нејзиното упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Австрија, со амбасадорот Екрем Ебиби, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Швајцарската Конфедерација, како и со амбасадорот Дарко Ангелов, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Грција.

Попоска Треневска, Ебиби и Ангелов во своите излагања се осврнаа на внатрешно политичките и економските состојби, како и на надворешно-политичките активности на Австрија, Швајцарија и Грција.

Ги анализираа односите и актуелната соработка со овие земји на билатерален и на мултилатерален план, а ги презентираа и активностите кои ќе бидат преземени по нивното стапување на функцијата во насока на продлабочување и интензивирање на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, Швајцарската Конфедерација и Република Грција.

Завршниот разговор го водеше министерот за надворешни работи Никола Попоски кој на крајот ги сумираше ставовите и предлозите, а даде и одредени насоки за активностите кои треба да бидат преземени од страна на амбасадорите Попоска Треневска, Ебиби и Ангелов по стапувањето на должноста амбасадори на Република Македонија во Виена, Берн и Атина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија