А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во МАНУ промовиран Зборник на трудови

by А1он14/05/2013 - 13:51236
Share0

Во Македонската акдемија на науките и уметностите (МАНУ) денеска беше промовиран Зборник на трудови од Меѓународната конференција „100 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски“, одржана на 14 и 15 октомври 2011 година во МАНУ.

Добивај вести на вибер

Зборникот е објавен како монографија број 10 на „Жива Антика“, едно од нашите најафирмирани меѓународни списанија што во 1951 година го основа токму академик Михаил Д. Петрушевски.
Академикот и претседател на МАНУ Владо Камбовски потсети дека Михаил Д. Петрушевски бил прв декан на Филозофскиот факултет во Скопје и еден од основоположниците на Македонската акдемија на науките и уметностите.

– Михаил Д. Петрушевски е една од најмаркантните фигури во нашата современа наука и култура. Академик Петрушевски не има задолжено со издигнувањето на македонската научна мисла на рамништето на светската наука со меѓународно признатите дострели на неговите истражувања во областа на класичната филолгија, преку предавања на странски водечки универзитети и трудови објавувани на латински, грчки, француски, италијански, германски и англиски јазик во бројни зборници и светски класични и балканолошки списанија, потенцира Камбовски.

Со своите трудови, како што рече, тој изврши огромно влијание врз домашната научна мисла, поставувајќи ги највисоките научни стандарди и критериуми на методолошка, аналитичка и рационална обработка на најсуптилните теми, како и на научна чесност и совесност.

Академик Петар Илиевски потсети на животот и делото на Петрушевски, особено на неговата научна дејност. Според него, Петрушевски е еден великан кој многу ја задолжил нашата заедница, а се уште не е разоткриено целосно неговото дело и идеи.

– Допрва за него ќе се пишуваат магистерски и докторски тези. Тој беше голем ерудит и голем научник роден пред време, наклонет кон научно-истражувачката работа, рече Илиевски.
Академик Георги Старделов истакна дека е потребно итно да се издадат собраните дела на овој, како што рече, голем човек.

На промоцијата во МАНУ присуствуваа академици, професори, роднини и почитувачи на делото на Михаил Д. Петрушевски.

manu

Би можело да ве интересира

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Катерина Ѓуровски30/05/2025 - 14:10

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Катерина Ѓуровски16/05/2025 - 13:37

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он29/04/2025 - 12:20

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Предраг Петровиќ07/04/2025 - 15:29

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Горан Наумовски26/03/2025 - 14:22

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Горан Наумовски26/03/2025 - 14:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен