Во МАНУ предавање на Луис од Оксфорд, за примената на информатички алгоритми

Од:

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд, во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Професорот Луис предава теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Неговата истражувачка група работи интердисциплинарни истражувања, на границата меѓу теоретска физика и хемија, применета математика и биологија.

Заедно со неговата истражувачка група, работат во полето на комплексно однесување што се појавува како резултат на интеракција меѓу различни објекти. Специфични области кои се од интерес вклучуваат биолошки системи како на пример различни проблеми поврзани со ширење на вирус, наноструктура на ДНК, еволуција на генетски мрежи.

Едно од неговите хобиа е молекуларна гастрономија, која е применета наука во уметноста на готвењето. Неговиот Erdos-Bacon број е 6.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Академик Фити: Има серозни индикации и испитувања дека субвенциите не даваат соодветни резултати

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он