Во Македонија беснеат 15 пожари.

Од:

Повторно, поради се уште високите температури и ветерот, беснеат пожари во Македонија.

Активиран пожар има во општина Студеничани и со истиот е зафатена високо стеблеста шума. На местото на пожарот се упатени екипи за гасење на истиот.

Пожар е појавен во општина Гостивар кај селото Митрови Крсти. Зафатена е мешана шума. Пожарот се шири со засилен интензитет и постои опасност да зафати приватни објекти.

Вчерас е разгоре пожар и во општина Желино. Со истиот е зафатена мешана шума. Се дејствува со 1 ПП возило и 4 пожарникари.

Гори и во општина Тетово кај селото Гајре. Зафатена е мешана шума. Екипи од ТППЕ не можат да интервенираат поради непристапноста на теренот.

Пламените јазици во општина Ново Село кај селото Сушица, „голтаат“ борова шума. Пожари има во општина Чашка. Вчера појавен е пожар кај селото Ораше на место викано Орашка Чука. Со пожарот е зафатена млада борова шума и за негово гасење се ангажирани 5 лица од Ј.П.„Македонски шуми“ а се очекува да се приклучат уште 15 лица од Ј.П.„Македонски шуми“. Моментално дува силен ветар и го отежнува гасењето на пожарот. Пожар појавен е и кај селата Дуњекон и Горно Јаболчиште. Зафатена е дабова шума на непристапен терен.

Пожарот кај селото Долно Јаболчиште со кој е зафатена површина од 5 хектари деградирана шума е активен но е под контрола.

Пожарот во општина Македонски Брод кај селото Модришта е активен но е под контрола.

Активен е и пожарот појавен на 29.08.2012 година во 14:00 часот во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица е активен. Со истиот е зафатена букова шума и пасиште. Пожарот е избувнат на надморска височина од 1800 метри на непристапен терен.

Завчера во 18:00 часот пожар е појавен во општина Зајас помеѓу селата Челиковце и горно Строгомиште на место викано Арилец. Со истиот е зафатена површина од 1 хектар борова шума. Ангажирани се 20 лица од ДЗС и 10 лица од Ј.П.Македонски шуми. Противпожарен авион е ангажира за гасење на истиот.

Пожарот кој се појави на ден 25.08.2012 година во општина Новаци помеѓу селата Добровени и Совиќ на место викано Крстот, на оддалеченост од 40 км до Битола. Со пожарот е зафатена површина од 2500 хектари смрека, деградирана шума, даб и црн бор.

Пожарот во општина Гевгелија помеѓу селата Коњско и Хума на место викано Оков рид е активен. Со истиот е зафатена површина од 1200 хектари мешана, борова, дабова и ниско стеблеста шума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Создадена е „огнена бура“: Пожарот се заканува да проголта цел град, луѓето бегаат во паника

Предраг Петровиќ

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца