• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Македонија активни три пожари

by А1он27/08/2013 - 12:13254
Share0

На територијата на Македонија активни се пожарите во општините Новаци, Прилеп и Долнени, информираат од Центарот за управување со кризи.

Добивај вести на вибер

Пожарот кој започна на 25 август во атарот на селата Ивени и Брник, општина Новаци е се уште активен. Гори сува трева и нискостеблеста шума. На терен интервенира екипа од ЈП Македонски Шуми „Кајмакчалан“ – Битола и лица од ТППЕ – Битола.

Пожарот кој избувна на 25 август во село Беранци кај манстирот е локализиран. Зафатена е сува трева и нискостеблеста шума.

Во текот на вчерашниот ден избувна пожар во атар на село Лопатица и село Крушица, општина Прилеп. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипи на ШС „Црн Бор“ од Прилеп и ТППЕ Прилеп, како и масното население. Пожарот е се уште активен.

Во текот на вчерашниот ден избувна пожар на стрниште помеѓу селата Костинци и Слепче, општина Долнени. Поради силниот ветер пожарот преминал преку железничката пруга Прилеп-Велес и еден крак од пожарот се проширил кон село Слепче, а вториот крак кон планината и зафатил дел од дабовата шума. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенираат пожарникари со две противпожарни возила, екипа на ЈП Македонски Шуми-Прилеп, а беше вклучено и месното население. Пожарот е се уште активен. Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Битола е нормализиран.

pozar

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он24/01/2026 - 08:52

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он08/01/2026 - 16:4508/01/2026 - 17:56

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 17:3903/01/2026 - 17:43

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски30/12/2025 - 19:2630/12/2025 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен