Во Љубанци гласале малолетни лица

Од:

Во избирачко место во населбата Бутел, во селото Љубанци, на малолетни лица им било дозволувано да гласаат, изјавуваат од Цивил. Членови на избирачкиот одбор од една партија во знак на протест го напуштиле избирачкото место, бидејќи останатите членови им дозволувале на малолетните лица да гласаат.

Ова е само една од забелешките на Цивил во последниве два часа. Меѓу другото, во Кисела Вода забележано било лице што веќе гласало, а потоа се вратило со друга лична карта да гласа повторно. На ова реагирал еден од членовите на избирачкиот одбор, по што на ова лице не му било дозволено да гласа повторно.

Во избирачко место во Чаир, членови од една политичка партија не им дозволувале на граѓаните да гласаат за избор на претседател. Во Пробиштип биле забележани четири семејни гласања за само 15 минути, од 14 до 14.15 часот. На едно избирачко место во Прилеп пак, на гласачко место дошол да гласа граѓанин кој имал иста адреса со еден од членовите на избирачкиот одбор. Двајцата ниту се познавале, ниту пак живееле заедно. Членот на ИО реагирал дека гласачот не живее на таа адреса, но сепак му било дозволено да гласа.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември