Во летниот период иселениците од кичевско прават и до 500 веселби

Од:

Печалбарите во кичевско кои доаѓаат во својот роден крај во летниот период придонесуваат за зголемување на прометот во угостителските објекти. Се проценува дека во периодот додека престојуваат се прават и до 500 свадби и други семејни веселби.

Двојно зголемување на прометот се забележува и на пазарите. Пазарџиите велат ако е како во летниот период преку целата година ќе биде одлично, ќе ни требаат и повеќе работници.

Кичевската дијаспора има значаен удел во кичевската економија во текот на целата година, бидејќи во континуитет праќаат пари на нивни роднини во татковината.

Се претпоставува дека само во летниот период по разни основи во Кичево се вртат пет до шест милиони евра.

Локалната власт во овој период ги презема сите мерки за услужните дејности што се во нивна надлежност да функционираат беспрекорно, а полицијата се грижи за безбедноста во сообраќајот, а првпат нема големи забелешки и за работењето на шалтерите во одделот за лични документи,

Најголеми забелешки печалбарите и оваа година имаат на услугата на граничните премини, односно на долгата процедура на македонско-српската граница.р

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски