Во Кумановско 942 барања за користење бесплатна бањско-климатска рекрација и викенд

Од:

Пензионерите од Куманово и соседните општини Старо Нагоричане и Липково до завршување на рокот поднеле 942 барања за користење бесплатна бањско-климатска рекрација и бесплатен викенд, соопштија денеска одговорните од кумановската подружница на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пензионерите поднеле 524 барања за користење бањско климатска рекреација и 418 за бесплатен викенд.

– Во споредба со минатата 2016 година, кога беа поднесени 446 барања, што значи дека оваа година повеќе од двојно е зголемена бројката на поднесените барања, вели раководителот на подружницата, Мирослав Стојановски.

Кумановските пензионери се рекреираат во катлановска бања, а викендите ги поминуваат во македонските туристички центри, Охрид, Струга, Дојран.

Во рамки на овој проектот за бањско климатска рекреација државата на пензионерите им обезбедува 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта. Со проектот за бесплатен туристички викенд на пензионерите им се обезбедени два полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне и автобуски превоз до хотелските објекти во македонските туристички центри.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад