Во кумановскиот Суд утре завршни зборови за случајот „Алмир“

Од:

Во Судот во Куманово утре ќе бидат изнесени завршини зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.

Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба.

Одлуката за овој предмет, како и за секој друг, како што посочија од Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите, ја носат врз основа на доказите и примена на Кривичниот законик.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот, се товари дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Претставници на организацијата „Правда за Алмир“ денеска пред Јавното обвинителство на РМ потставија банер за Алмир.

– Поставивме банер за неправдата за Алмир пред Собранието на РМ, поставивме и пред ЈОРМ, иако овој банер беше предвидено да се постави пред Владата. Третиот банер ќе биде поставен пред Министерството за правда, велат од организацијата.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски