Во Куманово утре дератизација и дезинсекција

Од:

Општина Куманово утре ќе спроведе дератизација и дезинсекција на својата територија. За дератизацијата и дезинсекцијата општината одвои 600 илјади денари.

– Дератизацијата  ќе се изврши со поставување мамки против глувците во отворите од шахтите од постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање атмосферска вода, информира општина Куманово.

Дератизацијата ќе се врши според пропишаните стандарди. Препаратот што ќе се користи влегува во групата на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Од општина Куманово апелираат граѓаните да не се движат во близина на реката Кумановка и на кејот.

Ако дозволат временските услови утре ќе се изврши и дезинсекција против крлежи  на јавно зелените површини со цел спречување на ширењето на заразни болести. Дезинсекцијата ќе се спроведе околу градскиот кеј, парковите, површините пред клучните државни и општински институции, плоштадот… Третираните површини ќе бидат обележани.

Од општина Куманово предупредуваат дека не е препорачлив подолг престој на третираните површини, непосредно по извршената дезинсекција.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он