Во Куманово трка во рамки на проектот за градење на заедниците преку спорт

Од:

Во Куманово денеска ќе се одржи третата и последна трка во рамки на Проектот 2020 насловена Born 2 Run – градење на заедницата преку спорт, во организација на Компанија за интереси во заедницата од Велика Британија и локалната НВО „Центар за интеркултурен дијалог“ .

– Оваа трка има за цел да ги собере младите и заедно да се премостат етнички поделените заедници на овие три општини преку спортски настани, наведуваат организаторите.

Првите две етапи од овој проект беа трките одржани во Липково и Старо Нагоричане. Со трката во Куманово ќе се заокружи проектот.

На настанот ќе присуствуваат претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, градоначалници на општините, претставници од СВР Куманово, директори од здравствените домови од трите општини и други гости.

Награди и благодарници ќе им бидат доделени на најдобрите.

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он