Во Куманово три случаи на жолтица во последните две недели

Од:

Центарот за јавно здравје од Куманово регистрира три случаи во последните две недели на заболени од заразна жолтица тип А.

Надлежните од оваа установа информираат дека станува збор за спорадични случаи на заразени.

– Заболените се на возраст од 13 до 23 години, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Од Инфективното одделние во кумановската болница истакнуваат дека две лица се пуштени на домашно лекување откако претходно биле хоспитализирани.

– На Инфективното одделение хоспитализирано е едно лице, изјави доктор Валентина Џартовска од Инфективното одделение во Општата болница во Куманово.

Од Центарот за јавно здравје истакнуваат дека постојано се следи состојбата на терен. Преземени се превентивни мерки во насока на едукација на граѓаните, а започната е и дезинсекција на училиштата и градинките пред почетокот на учебната година.

– Редовното одржување на личната и општата хигиена е исклучително значајно за превенција од оваа заболување што подразбира темелно миење на раце пред секое јадење и по одење во тоалет, одржување на хигиената во домот, особено санитарните јазли, а се препорачува да не се пие вода од локални извори – бунари, појаснува доктор Стаменковска од Центарот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски