Во Куманово со засилени контроли за нередовно вакцинирани деца се одбележува Европската недела на имунизација

Од:

Епидемиолозите од кумановскиот Центар за јавно здравје во соработка со одделот за вакцинација од Здравствен дом-Куманово, во рамки на одбележувањето на Европската недела за имунизација, денеска детално ги проверија картоните на децата кои подлежат на вакцинација од регионот на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, со цел да ги утврдат оние кои не се редовно вакцинирани, a особено во ромските населби, соопштија надлежните од Центарот за јавно здравје.

Превентивните тимови сместени во поликлиниката „Тоде Мендол“ по претходно подготвен план одат на терен и ги вакцинираат децата според предидениот календар за вакцинација.

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје-Куманово, Јадранка Стаменковска изјави дека последната година се бележи помал опфат од 95 отсто за пооделни вакцини, што се должи, како што подвлече, на глобалната антивакциналната кампања која најмногу делува на родителите од урбаните средини. Појасни дека намалување на опфатот има кај вакцините против морбили, рубеола и паротит.

– Во однос на ревакцинацијата, опфатот се уште е на високо ниво, но и тука се забележува намалување во однос на вакцинацијата против морбили, рубеола и паротит, рече Стаменковска.

Потенцира дека тежнеат опфатот на колективен имунитете да биде над 95 проценти, бидејќи, како што објасни, вакцинацијата е една од најисплатливите здравствени интервенции за вакцинопревентабилни заболувања. Ги повика родителите за секоја нејаснотија да се консултираат со матичните лекари, со педијатрите и со епидемиолозите од центрите за јавно здравје.

– Вакцините се сертифицирани, препорачани од Светската здравствена организација. Начинот на чување подлежи на постојан надзор и увид. Бенефитите од воведувањето на поливалентните вакцини се повеќекратни, рече Стаменковска.

Според неа, се намалува бројот на одење во диспанзерите, се намалува одложувањето на вакцинацијата поради настинки, а тимовите кои ја спроведуваат вакцинацијата имаат можност да посветат повеќе внимание на превентивните прегледи, да разговараат со родителите и да ги посоветуваат.

Европската недела на имунизација се спроведува под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај”.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он