Во Куманово се спроведува проект „Работен клуб за невработени жени од етничките малцинства во Македонија“

Од:

Центарот за ромска заедница „Дром” учествува во проектот „Работен клуб за невработени жени од етничките малцинства во Македонија“, финансиран од ЕУ.

Целта на проектот е да се стимулираат и охрабрат 300 жени од етничките малцинства во Македонија, да влезат на пазарот на трудот преку обука, како да најдат работа, посредување при барање на работа, курсеви за професионално и стручно оспособување и обука за самовработување.

Во Кумановско е предвидено во овој клуб да учествуваа 60-тина жени. Работниот клуб ќе го спроведуваат шест локални невладини организации, „Женска акција“, Арачиново, Центар за образовна поддршка „Дендо вас“,Скопје, Центар за Ромска Заедница,Куманово, Центар за одржлив развој „Порта“ Струмица и Женски Центар Дебар.

СЕЕД Фондацијата од Холандија е имплементатор и менаџер на проектот, информира Ахмет Јашаровски од „ДРОМ”.

Во проектот освен, невладини организации вклучени се и локални и државни институции, синдикати и работодавачи.Во наредниот перид планирано е да се одржат обуки, да се подготват бизнис идеи, да им се даде поддршка на жените членки на клубот во подготовка на бизнис идеи, поддршка за регистрирање на мали претпријатија.Проектот е предвиден да трае наредните петнаесет месеци.

Би можело да ве интересира

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски