Во Куманово се собираат потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Од:

Голем број кумановци го дадоа својот потпис за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства на пунктовите поставени на градскиот плоштад во Куманово. Собирањето на потписите го организираат граѓански здруженија, невладини организации, меѓу кои „Инклузива“, Дневниот Центар за лица со интеелектуална попреченост „Порака Наша“, Рeсурсен центар за родители со посебни потреби.

– Потписите се собираат секој ден од 11.55 до 17 часот. Изненадени сме колкав број граѓани дојдоа да не поддржат. Потписите ќе се собираат и наредните денови, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.

Меѓу барањата кои ќе бидат доставени до ресорните министерства се квалитетни испитувања, терапии, отварање на дневни центри, стручен кадар и сместување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители.

Дел од нив се однесуваат на промена на Законот за здравствена заштита и осигурување со која ќе се укине возрасната граница (од 18 години) за ослободување од партиципација при набавка ортопедски помагала за лица со попреченост и укинување на возрасната граница (од 26 години) за ослободување од партиципација при набавка на лекови, како и промена на Законот за социјална заштита со која ќе се овозможи изедначување на правата на згрижувачките и биолошките семејства на лица со попреченост. Родителите бараат покренување на расправа во Собрание, зголемена свест за ова проблематика кај политичари, медиуми, институции, НВО, меѓународни фактори, експерти, општа јавност, воспоставени соработки, партнерства.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена