Во Куманово се одржа 14. „Пивтијада“

Од:

Околу 400 чинии пивтии се подготвени на 14. традиционална манифестација „Пивтијада“, во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“, што денеска се одржа во кумановската населба Карпош.
– Станува збор за веќе добро позната манифестација, на која освен кумановци учествуваат и гости од повеќе градови од државата и која 14 години успешно опстојува во духот на денешниот празник Богојавление-Водици, рече претседателот на здружението Мултимедијален центар „Карпино“ Зоран Павловски.
Тој информира дека денеска се одржа и натпреварувачкиот дел во кој учествуваа десетина домаќинки. Стручно жири, составено од технолог, уметник и готвач ги оценуваше пивтиите и декорираните маси со пресна погача и вино. Годинава највкусна пивтија ја подготви учесничката Милка Милошевска.
– Пивтиите треба да се варат најмалку шест или седум часа и не треба да се додава вода. Јас додавам многу малку, од 250 до 500 грама вода. За добра пивтија треба квалитетно месо и треба да се варат на тивок оган, изјави Милошевска.
Денеска беше извршено и примопредавање на кумството. Стариот кум Христијан Георгиевски изјави дека кумството му донело среќа и просперитет на личен и професионален план. И новиот кум Драган Чунгурски, честитајќи им го празникот на присутните изрази надеж дека кумството ќе му донесе просперитет, здравје, среќа.
На манифестацијата учествуваа и најмладите од градинката „Ангел Шајче“, Детскиот градски хор, а настапија и групи од Куманово.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски