Во Куманово се одбележува Европската недела на мобилност

Од:

Европската недела на мобилност денеска се одбележа во Куманово на атлетскиот полигон во близина на средното училиште „Наце Буѓони“, каде што средношколците учествуваа на трка која ја организираа училиштето и секторот за животна средина од општина Куманово. На оваа манифестација, организаторите апелираа до граѓаните да користат велосипед, да пешачат да го намалат користењето на автомобили, со цел зачувување на животната средина во урбаната заедница.

– Општина Куманово традиционално се вклучува во одбележување на овој ден, минатите години организиравме трки со велосипеди, а годинава се одлучивме поинаку, со давање предност на движењето. Сметаме дека на овој начин ќе влијаеме врз пошироката јавност, граѓаните почесто да се движат, наместо да користат автомобил со кое ќе придонесат не само за зачувување на животната средина, туку и за зачувување на сопственото здравје, изјави, Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина.

Надлежните се согласуваат дека во Куманово нема доволно велосипедски патеки, ниту пак обезбедени услови за пакрирање на велосипедите, иако во последниве години, има интерес за користење на велосипеди наместо автомобили.

Тема на годинешниве активности е „Чиста, споделена и паметна мобилност“, а настаните низ сите европски градови се организираат под мотото „Споделувањето те движи напред“. Европската недела на мобилност трае од 16 до 22 септември.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри