Во Куманово се одбележува „Детската недела“

Од:

Општина Куманово денес по повод „Неделата на детето“ организираше прием на ученици од основните училишта од регионот. Здружението за грижа и воспитување на деца, како и секоја година традиционално во својата програма ја одбележува „Детската недела“.

-Посетата е со цел најмалите да видат каде, што и како работи градоначалникот. Здружението до секое училиште испрати писмо во кое даде насоки како да ги организираат своите активности, за да ја одбележат неделата-изјави претседателот на здружението, Виолета Стошевска.

За жал поради работните обврски градоначалникот, Зоран Дамјановски не беше присутен за да ги прими учениците, поради што секретарот на локалната самоуправа, Валентина Алексовска во негово име им го честиташе најважниот ден за нив.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он