А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Куманово се намалува бројот на заболени од грип

by А1он02/02/2017 - 13:4556
Share0

Во последната недела од јануари регистрирани се 57 новозаболени од сезонски грип, во претпоследната, според податоците на Центарот за јавно здравје Куманово биле евидентирани 61 случај, додека во првите две недели од јануари бројот на заболени од грип изнесувал 347.

Добивај вести на вибер

Во декември,пак, како што соопшти денеска епидемиологот доктор Јадранка Стаменковска биле евидентирани 891 лице заболени од грип, а во јануари речиси двојно помалку – 465 лица заболени од грип.

– Најголем број заболени 310 – во јануари има во возрасната група од 15 до 64 години, 72 лица се на возраст од 5 до 14 години, 45 се деца до четиригодишна возраст и 38 се лица над 65 години, соопшти Стаменковска.

Инаку, од почетокот на сезонава до декември Центарот за јавно здравје евидентира 1.027 лица заболени од сезонски грип. Од почетокот на сезоната на инфективно одделение биле хоспитализирани 32 лица, а амбулантски прегледани 365 лица.

Во Куманово се намалува и бројот на деца заболени од варичела, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје. Во декември биле евидентирани 32 лица, а во јануари 13. Лани во јануари, пак биле евидентирани 22, а во декември 86, претежно деца од училишна и предучилишна возраст.

kumanovo

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:09

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски20/11/2025 - 15:2120/11/2025 - 16:59

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Горан Наумовски15/11/2025 - 11:44

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:33

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен