Во Куманово промовиран проект за алтернативни услуги за згрижување на деца

Од:

„Ајде да играме, растеме и учиме“ е настанот што се реализираше денеска во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, во рамки на проектот на ЕУ насловен „Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца“ што се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална поликата.

Целта на проектот е подобрување на вработливоста и зголемување на учеството на родителите со мали деца на пазарот на труд, преку унапредување на алтернативните услуги за згрижување деца, како лиценцирано домашно згрижување на деца и згрижување во рамки на компаниите.

Координаторите на проектот истакнаа дека од пријавени четириесетина кандидати, 14 се стакнале со лиценци и може да започнат со домашно згрижување на максимум пет деца. Тие ќе ги исполнуваат истите услуги како и градинките во однос на хигиената, лиценцирани негователки и слично.

-На овој начин ќе се намали листата на чекање во градинките, како и бројот на деца во една група. Кај компаниите придобивка е што родителите ќе го спасат она време што го губат за носење на децата во градинка и земање. Исто така, за паузите ќе можат да го погледнат своето дете, болувањата ќе бидат намалени на минимум и сите други работи кои предизвикувале потешкотии, истакна проектниот асистент Кристина Тозија.

Физичките лица кои сакаат да отворат домашно згрижување на деца, прво треба да поминат одредени обуки и доколку ги исполнуваат критериумите ќе добијат финансиски средства за опремување на домот. Предвидено е и компаниите кои имаат над 50 вработени да ги уживаат истите бенефити.

Проектот „Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца“ започна да се имплементира во февруари 2015 година, а ќе се спроведува 24 месеци.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување