Во Куманово продолжува „Нулта толеранција за узурпација на јавно прометни површини“

Од:

Минатата недела според податоците на Јавното Претпријатие „ Куманово -Паркинг“ со двете пајак возила од улиците на Куманово биле кренати 130 возила, соопштија одговорните од ова претпријатие. Дневно, информираше директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани биле крвани и по 130 возила што е неколку пати повеќе во споредба со изминатиот период кога на терен беше само пајак возилото, сопственост на „Куманово-Паркинг“ кое е веќе амортизирано.

Тој истакна дека и приходите се зголемени.

Претходно и екипите на ЈП „Водовод“, задолжени за обележување на хоризонтална сигнализација по налог на сообраќаен инспектор од општината го обележаа просторот за привремено паркирање на возилата на клучни булевари и улици во централното градско подрачје, информираше директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.

Обележувањето се спроведувало во ноќните часови, со асистенција на екипи на СВР Куманово.

Проектот „Нулта толеранција за узрупација на јавно-прометните површини“ кој што општината го спроведува неколку месеци се интензивираше кон почетокот на април. За потребите на проектот, општината позајми уште едно „пајак“ возило од град Скопје. Проектот ќе се спроведува се додека не бидат изградени трите катни гаражи во Куманово кои се планирани во строгото градско подрачје, кај локалитетите „Сума“, „Берза“ и „Серава“.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски