Во Куманово одбележан Денот на АРМ

Од:

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска беше одбележан Денот на АРМ-18 Август. Пред бистата на Боро Менков делегации од Армијата и од локалната власт на Куманово, положија цвеќе.

За формирањето на Армијата, пред присутните зборуваше командантот на гарнизонот, потполковник Али Хајро.

– Годинава се навршуваат 21 година од Армијата на самостојна и суверена Македонија, години низ кои Армијата со сета сила, чест, достоинство и професионалност го продолжува вековниот сон на сите македонски патриоти и херои кои се бореа за праведност, слобода и подобра иднина. На 8 септември 1991, кога се оствари и вековниот сон на македонскиот народ за независна, суверена и самостојна Македонија и подоцна со донесувањето на Законот за одбрана на 14 февруари 1992 година се дефинираше и системот на одбраната, АРМ стана еден од главните стожери на македонската државност и во изминатите години е главен гарант на македонската сувереност, рече потполковник Хајро.

Тој се осврна и на учеството на АРМ во повеќе мултинационани и национални воени вежби.

– Денес, АРМ ужива висок углед не само Р.Македонија, каде освен одбрана на територијалниот интегритет учествува и во справувањето со предизвици како што се пожари, поплави во моменти кога е најпотребно, туку исто така и во меѓународни рамки со учество на мировни мисии, при што досега повеќе од 3.000 припадници на АРМ, амбасадори на мирот со висок морал и одговорност во извршувањето на задачите, докажаа дека сме респектабилен фактор на кој може да сметаат нашите партнери, наведе Хајро.

На свеченоста по повод 21 годишнината од формирањето на АРМ присуствуваа преставници на локалната власт, од Сојузот на Борците Здружението на армиски и полициски ветерани, Територијалната противпожарна единица, бизнис заедницата и граѓани. По свеченоста во карасната пред присутните беше презентирана дел од воената опрема и материјално технички средства со кои располага единицата.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната