Во Куманово обука за женско претприемништво и конкурентност

Од:

Во Македонија незначителен е процентот на жени сопственички на бизниси и само 2,8 проценти од вкупниот број фирми се предводени од жени, беше посочено на денешната обука во Куманово за поддршка и подигање на конкурентноста на компаниите предводени од жени, што ја организираа Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид и Агенцијата за поддршка за претпримеништвото.

Најдобрите бизниси предводени од жени, беше посочено, работат во секторите, здравје, убавина, фитнес, бизнис сервиси, храна и чистење и одржување и вработуваат најмногу допет вработени.

– Овие бројки се поразителни и затоа е потребно да се мотивираат жените. Затоа го започнавме циклусот на обуките со поддршка на Агенцијата за претпримеништво и важно е да се поттикнат жените преку даночни олеснувања, преку грантови, поголема јавна кампања, изјави Билјана Јанева, директор на Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид од Скопје.

Во Македонија само 23 проценти од вработените жени се претседателки и членови на управни одбори во најголемите компании во државата, 56,2 отсто од жените во Македонија не се економски активни, а 10 проценти не сакаат да се вработат. Жените можат да делегираат обврски и да менаџираат и битно е пред пошироката јавност да се посочат примери на успешни жени претприемачи. Во рамки на обуките жените се обучуваат за подготовка на бизнис план.

Агенцијата за поддршка на претпримеништво, преку програмските активности опфаќа повеќе целни групи, меѓи нив нуди и обуки за поддршка на женското претпримеништво, обуки за стартап компании млади.

– Треба многу да се работи интензивно во однос на учеството на жената во деловната политика и сметме дека постоењето на неформалните бизниси предводени од жени, можат да се трансформираат во формални бизниси, преку различни владини мерки, грантови, кредитирање, самовработување, изјави Маја Петрова од Агенцијата за поддршка на претпримеништвото.

Заинтересираните, додаде Петрова, можат да го применат и ваучерскиот систем на обуки во однос на советодавните услуги наменети за младите и средни претпријатија.

Жените во Македонија немаат ниту сопствен капитал, ниту имот кој можат да го стават под хипотека и да користат кредит од банките. Сепак, на денешната обука свое искуство го сподели и младата кумановка Сања Боризовска, која е сопственик на фирма за машинско чистење на водоводни и канализациски цевки.

– Преку ваквите обуки може да се поддржиме меѓу себе. Но, предизивик е да се работи во Македонија со ваков да кажам машки бизнис, изјави Боризовска.

Пред присутните беше посочено дека во САД жените водат 11,6 милиони компании, 39 проценти од вкупниот број приватни компании, генерираат осум проценти од вкупниот број вработени, го полнат буџетот со 4,2 проценти од даноците, вработуваат девет милиони лица и остваруваат приход 1,7 трилиони долари.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра