Во Куманово обука „Право на слободен пристап до информации од јавен карактер“

Од:

Во Куманово денеска се одржа обука за зголемување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер и неговите измени.

Граѓаните ако усно побараат информација, треба да им се одговори во рок од пет дена, додека за писмено барање одговор треба да им се обезбеди за триесет дена. Ако по истекот на овој рок, барателот не добие одговор, тогаш може да се жали до Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, појаснија на обуката претставници на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Комисијата врши неколку обуки во регионални центри во Македонија. Обуката има цел да ги информира барателите што треба да побараат од имателите на информациите. Сите иматели на информациите, а тоа се институциите, треба да им ги дадат информациите на барателите, вели Цветан Станоевски од Комисија за заштита на првото за слободен пристап до информации.

Во пракса се покажало дека граѓаните, новинарите, невладините организации, најчесто, информации од јавен карактер бараат од општините, јавните претпријатија, катастар и слично.

– Барања за слободен пристап до информации имаат доставено од канцеларија на Народен правобранител и општината по пат на посредување на информации. Секогаш се работело за информации побарани од надлежните органи, а граѓаните досега не побарале информација. Секогаш сме одговарале истиот ден или утредента, вели Душица Сеизовска Јовановиќ од ЈП „Пазаришта“.

Портпаролот на општина Куманово Бисера Благојевиќ информира дека годишно во општината пристигнуваат 50-тина барања за информации.

– Најголем дел се однесуваат за урабнизам и даночно работење. Најбргу им се одговара за два- три дена, а најдоцна за триесет дена. Има примери кога во барањето граѓанинот бара не една туку повеќе информации, вели Благојевиќ.

Обуката е наменета за граѓаните и за службените лица кои се имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на законот. Обуки на тема „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“ ќе се одржат во други регионални центри во државава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски