Во Куманово мирно, одложена наставата, утврдени прифатилишта

Од:

Веќе неколку часа во Куманово не се слуша никакво пукање. Претходно три камиони со приколки однесоа полициски возила на кои беа видливи оштетувања. Двете екипи на итната помош од Куманово се уште се лоцирани пред населбата „Тоде Мендол“ и забележливо е полициско присуство.

По акцијата на полицијата за разбивање вооружена терористичка група кризниот штаб на општина Куманово денска го задолжи Советот на општината да донесе одлука за престанок на наставата во основните, средните училишта и градинките се до подобрување на безбедносната состојба во градот.

На веќе донесените закулучоци од вчера одржаната седница општината утврдува и прифатилишта за граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ на неколку локации во градот. Станува збор за училиштата „Христијан Тодоривски Карпош“ во населбата „Перо Чичо, „Кочо Рацин“ во населбата Гоце Дечев и „11 Октомври“.

Општината отвори и кол центри на кои граѓаните од засегнатото подрачје може да се јават и да побараат помош. Броевите се 031 475 800 и 031 475 830.

Општинскиот кризен штаб му препорача на советот на општина Куманово да донесе одлука за одвојување два милиони денари за оваа ситуација.

Општинскиот кризен штаб во соработка со Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Регионален центар за управување со кризи да обезбедат пакети со храна, хигиенски производи за граѓаните од подрачјето.

На седницата на кризниот штаб присуствуваат и претставици од Општата болница Куманово.

– Целиот хрирушки оддел ставен е во функција на повредните од борбените дејствија што се случуваат во нашата општината. Така што граѓаните од Куманово кои имаат потреба треба да се јават исклучиво во Ургентниот центар во Куманво, изјави доктор СтефанТрајановски хирург од Општа болница Куманово.

Потенцираше дека на хируршкото одделение двојно се зголемени екипите и техничкиот персонал. Рече дека постојано се во координација со МВР Министерството за здравство и Бирото за лекови и дека ги поседуваат сите материјални технички средства за оваа ситуација.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски