Во Куманово до 10 часот излезеноста 14 отсто, во Липково 0,74

Од:

Во Куманово до 10 часот за вториот круг од претседателски избори излезеноста на избирачките места од Втората изборна единица е 8 отсто, додека на 18-те избирачки места во Третата изборна единица 14 проценти.

Според Виолета Арсовска, претседателка на Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово, право на глас имаат 90.560 лица, вклучувајќи ја и дијаспората, на вкупно 167 избирачки места.

Во Старо Нагоричане каде право на глас имаат 3.600 граѓани на 38 избирачки места, излезеноста за претседателските избори до 10 часот е 8,03 отсто, а за парламенатрните 9,23, информира претседателката на ОИК Тина Костовска.

Во Липково правото на глас од 23.000 граѓани на 36 избирачки места, го искористиле – за претседател 0,74 отсто и за парламентарните избори 5,52 процента.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада