Во Куманово дебата за говорот на омраза

Од:

Колку говорот на омраза е присутен во јавноста и на социјалните мрежи, како да се препознае и кои се законските процедури да се пријави и санкционира, се прашањата што ги отвори денешната дебата во Куманово, организирана од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

На дебата присуствуваа главно студенти и средношколци, а целта беше нивна едукација – како да го препознаат говорот на омраза, но и да го пријават во институциите.

Според Арта Абдули од ЦИД, години наназад се работи на оваа тема кампањски преку работилници, трибини и панел дискусии, а се организираат и школи за говор против омраза со малдите. – Проектот „Промовирање толеранција и недискриминација“ им нуди на младите едукација за начините на справување со говорот на омраза. Ги едуцираме преку примери, но и посочуваме и каде да пријават, изјави Абдули.

Марија Крстевска од ЦИД додаде дека загрижува појавата на говор на омраза во социјалните медиуми. Младите се релативно информирани за ширењето на говорот на омраза, дел од нив и пријавуваат, но сепак треба да се работи на дополнителна едукација.

Народниот правобранител не добил ниту една претставка за говор на омраза. Заменикот на народниот правобранител Насер Весели смета дека на граѓаните им е полесно да го премолчат говорот на омраза, а постапката е лесна за докажување со оглед на напредокот на технологијата.

– Често се случува да видиме, да препознаеме говор на омраза, понекогаш искажан од претставници на политички партии, често и на медиуми од одредени лица, високопозиционирани во општеството, рече Весели.

Од полицијата ја поздравија оваа дебата и рекоа дека се расположени за формирање парнерства со заедницата, да се разменат информации, да се едуцираат младите, но и повозрасните за предрасуите и искуствата.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он