Во Куманово 98 претставки до канцеларијата на заменикот народен правобранител

Од:

Кумановци во првата половина од годинава поднеле 98 претставки до Канцеларијата на заменикот народен правобранител, што е незначително намалување во однос на истиот период споредено со минатата година.

Дел од претставките се поднесени и до посебните одделенија до Народниот правобранител во Скопје, како што се детски права и антидискриминација.

Во јуни граѓаните поднеле 22 претставки, од кои 12 се однесувале на правосудството, информираше заменикот народен правобранител Насер Весељи.

– Тоа не значи дека судовите не работат, бидејќи од 12-те предмети од оваа област седум се однесуваат на извршителите. Се уште има проблем со извршувањето на долговите на граѓаните кои користат социјална помош. Мора да се каже дека успеваме во однос на решавање на овие права, но граѓаните губат време и плаќаат одредени надоместоци за деблокирање на сметките, рече Весељи.

Три претставки биле за затворот, две за работата на полицијата и за затворот, по една од областите работни односи, здравство, урбанизам, царина и финансии. Тренд на опаѓање има кај претставки за затворот. Дванаесет од претставките се однесувале за јавните установи и услуги, девет за централната власт и една за локалната самоуправа.

Од овие 22 предмети, 16 биле завршени. Пет биле завршени по интеревенција на правобранителот и институциите ги прифатиле укажувањата, за седум предмети правобранителот не констатирал повреда на право.

Во првата половина од годината во канцеларијата поминале близу 500 кумановци, дел од нив се консултирале, добиле поука и помош како да надминат одредени проблеми со институциите.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски