Во Куманово 47 заболени од грип последната недела

Од:

Центарот за јавно здравје Куманово последната недела регистрира 47 ново заболени лица од грип. Од почетокот на сезоната односно од октомври евидентирани се вкупно 289 заболени лица.

– Според евиденцијата најзастапена популација е од 15 до 64 години.Меѓутоа очекуваме по празниците извештаите што ќе ги добиеме во наредните недели дека бројката на заболени ќе расте, вели доктор Јадранка Стаменсковска епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Својата кулминација оваа сезонско заболување ја достигнува во јануари и февруари.
Вакцина против грип во октомври и ноември лани, примиле 1.500 лица во Центарот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела