Триесет и три годишен параглајдерист од Унгарија е тешко повреден откако, летајќи над атарот на село Острилци кај Крушево, изгубил контрола и паднал. Несреќата се случила вчера околу 12 часот и 30 минути.
Како што соопшти полицијата, параглајдеристот е пренесен во Клиничкиот центар – Битола за укажување лекарска помош каде му се констатирани повредите.