Во Крушево се одржа единствена изложба на изворни шарпланинци

Од:

Над 50 изворни шарпланинци од цела Македонија денеска беа изложени на единствената од ваков вид специјална изложба на овој вид расни кучиња на Гумење во Крушево.

Изложбата се одржува по четврти пат под покровителство на меѓународната фондациа „Тодор Проески“.

Според одгледувачите во Македонија изворните шарпланинци се разликуваат од урбаните, изложберните шарпланинци.

Рубин Спиркоски од Кривопгаштани 25 години одгледува изворни шарпланинци. Вели ги обожува зашто се борбени кучиња и чувари на стадата.

– Ги одгледувам веќе 25 години. И ги обожувам зашто се борбени и големи чувари на стадата од памтивека во Македонија. Има голема разлика со урбаните, изложбени шароланинци. И тие сакаат љубов и внимание и добро е што се одржува изложбава зашто треба да се зачуваат како такви, вели Спиркоски.

Во регионот на Крушево ги има многу изворните шарпланинци и не случајно специјалната изложба се одржува на Гумење во Крушево, вели крушевчанецот Драган Ристески.

– Имам 20 изворни шарпланинци. Ги има четири раси, а јас имам три. Имаме шарпланинци со малусоидна глава,со лупоидна, со мечкина глава, тие се најбарани и со волчја глава. Се вели земјата во македонија ги раѓа изворните шарпланинци, а не се увезени од Србија, ТИП ЈНА, Ова е чисто, наша, македонска сорта која постои откако е Македонецот, вели Ристески.

Зоран Ангелески од Охрид нагласува дека изворниот шарпланинец има и други посебни карактеристики од изложбените шарпланинци.

– Една од посебните карактеристики е што на задните нозе има таканаречени „запорки“, двојни прсти и ние одгледувачите ги препознаваме, објаснува Ангелески кој со синот одгледува со години изворни шарпланинци кои може да бидат од чисто бела до графитно црна боја на крзното, вели Ангелески.

За познавачот и истражувач за оваа раса кучиња Тони Шмит е битно што изворните шарпланинци се енергични, борбени и заштитнички кучиња.

– Огромна е разликата со изложбените шарпланинци. Оваа изложба има за цел да покаже дека одгледувачите на изворни шарпланинци немаат никаква корист, туку да ги зачуваат автохтоните раси. Изворниот шарпланинец е борбено, енергично куче кое го чува и го брани стадото и таква е неговата намена. Тоа е пресудно, вели Шмит.

На изложбата беа оценети развојот и држењето на сите категории изворни шарпланинци. Сопствениците добија совети за одгледувањето.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски