Во Крушево младинска конференција за европските вредности

Од:

Во Крушево денеска почнува 12. Меѓународна младинска конференција „Еевропски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“ која ќе трае до 29 септември.

Првата панел дискусија е посветена на „Влијанието на Европската Унија во регионот на Југоисточна Европа“. Ќе зборуваат државниот секретар за млади и спорт на Србија Ненад Боровчанин и претставникот на Младинската асоцијација од Грција Костас Филипидис.

Според програмата, ќе се одржат уште две панел дискусии на тема „Неформалното образование како мотив за активизам кај младите“ и „Пост социјалистичката носталгија – минато или актуелна тема?“.

На конференцијата учествуваат 55 млади луѓе од 12 држави, претставници од академската средина и политичари. Тие ќе ги искажат своите ставови, ќе разменат искуства и ќе донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.

Конференцијата, под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт–Канцеларија во Скопје, ја организира Младински Сојуз – Крушево со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски