Во Крушево ќе се градат фотоволтаици, инвестиција од 5 милиони евра

Од:

Во Крушево ќе се градат фотоволтаични електрани во вкупна вредност од 5 милиони евра. За таа намена, во крушевската локална самоуправа денеска се одржаа јавна презентација и расправа за урбанистичките проекти, надвор од опфатот на урбанистички план за изградба на фотоволтаични електрани.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, со оваа расправа се најавува инвестицијата од 5 милиони евра за изградбата на фотоволтаиците.

-Ја најавуваме оваа голема инвестиција и очекуваме за брзо почеток со работа на теренот. Изградбата на фотоволтаични електрани е инвестиција вредна 5 милиони евра и претставува резултат на соработката со инвеститори од државава и од странство, изјави Христоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“

Коњаницата „Патот на Црешовото топче“ тргна кон Крушево

И водата во Крушево е неисправна за пиење

Жена е прегазена во Крушево, со тешки повреди пренесена во болница

(ВИДЕО) Христоски: Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела