Во Крушево 11. куп на АРМ во Биатлон

Од:

На скијачките патеки кај месноста Кипрово во Крушево, денеска ќе почне единаесетиот куп на АРМ во Биатлон.

На ова натпреварување, покрај екипите на АРМ ќе учествува екипа на МВР од Крушево, екипа од Скијачката Федерација на Македонија и Олимпик ски од Крушево.

На програмата е натпреварот во патролно трчање на 10 км и трката на ветераните во оваа дисциплина.

Оваа спортска манифестација покрај афирмацијата на Биатлонот како војничка дисциплина која е прифатена и во АРМ, за цел има да го популаризира овој зимски спорт кај младите во Република Македонија, а покрај развивањето на натпреварувачкиот и спортскиот дух кај припадниците на АРМ, има исклучително важна улога во јакнењето на борбената готовност на Армијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски