А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“

by А1он20/04/2023 - 10:3120/04/2023 - 10:58267
Share0

Со испитување на вештакот Зекирија Зекири, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Добивај вести на вибер

На денешното рочиште, бранителот на шестообвинетиот продолжи со испрашување на вештакот Зекири, кој е дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за предметот.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

laskarci

Би можело да ве интересира

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Газдата на „Дурмо Турс“ уште еднаш го одложи одењето во затвор, повторно ќе оперира тестиси

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:5401/12/2025 - 14:21

Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“, бараат пратениците од власта

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 13:5224/11/2025 - 14:14

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски08/05/2025 - 14:0208/05/2025 - 14:49

Мицкоски: Никој нема да биде поштеден за Ласкарци, Беса Транс и за модуларната болница во Тетово

Горан Наумовски06/04/2025 - 14:2906/04/2025 - 14:30

Тошковски: За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, за Кочани досега две со 34 опфатени лица

Катерина Ѓуровски03/04/2025 - 14:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен