Во Крива Паланка во два одделни случаи запленети хероин, таблети, мобилни телефони…

Од:

Во Крива Паланка во два одделни случаи полицијата вчера пронајде и заплени „хероин“, таблети, мобилни телефони, стоп палка со ознака „полиција“ и два сигнални куршуми.

Во едниот случај, соопшти денеска МВР, при изврешен претрес во домот на С.А.(22) се пронајдени и одземени околу грам „хероин“, 11 таблети, 4 мобилни телефони, стоп палка со ознака „полиција“ и два два сигнални куршуми. Исто така, во неговиот дом се затекнати и Г.Д.(30), Д.М.(29) и 17-годишно малолетно машко лице, при што во собата имало видливи траги од користење на наркотична дрога. Сите лица се приведени во ПС од ОН Крива Паланка каде што им е земена урина која е доставена на вештачење.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде изготвена кривична пријава за сторени две дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Како што се наведува во соопштението, во вториот случај од лицето С.Н. е одземена една паковка со „хероин“ и 8 таблети.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он