Во Крива Паланка излезеноста до 10 часот е 13 проценти

Од:

До 10 часот во Крива Паланка гласале 13 проценти од гласачите кои гласаат на 47 избирачки места во општината.

Според податоците од Општинската изборна комисија, за предвремените парламентарни избори во избирачкиот список се запишани 17.208 гласачи, а за претседателските избори евидентирани се 17.277 граѓани од општина Крива Паланка кои имаат право на глас.

– Сите избирачки места во општината се отворени на време, гласањето во сите 47 избирачки места започна на време, а од страна на членови на ОИК извршена е посета на 13 избирачки места, каде според информациите од членовите на избирачките одбори нема никакви неправилности во избирачкиот процес, ниту пак има забелешки од страна на набљудувачите, претставници на подносителите на листите, изјави Георге Ристовски, претседател на ОИК на Крива Паланка.

Тој соопшти дека во текот на вчерашниот ден е спороведено гласањето на болните и немоќни лица од Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември