Во Кратово заокружен проектот „Заедно сме посилни“

Од:

Во мултимедијалниот центар во општина Кратово се одржа завршен настан од проектот „Заедно сме посилни“ како дел од програмата „Општинско корисна работа“ кој се реализираше во соработка со УНДП, Програма за развој на Обединетите нации, Агенција за вработување на Република Македонија и Министертвото за труд и социјална политика.

Оваа програма трета година по ред се реализира во општина Кратово, годинава под мотото „Заедно сме посилни“ со главна цел унапредување на системот за обезбедување социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните и воведување нови услуги, а со тоа подобрување на квалитетот на живот на локалното население.

-Во соработка со партнер иснституциите: Центар за вработување, Центар за социјална работа, Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово, ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово и Музеј на град Кратово, во текот на 6 месеци, од 15 септември 2016 до 15 март 2017 година се реализирани следните активности: грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови, надополнување на воспитно – образовната дејност на деца од предучилишна и училишна возраст со активности од областа на музичката уметност и физичката култура, надополнување на воспитно – образовната дејност на деца со попреченост со активности од областа на музичката уметност и физичката култура, надополнување на човечкиот капитал во општината со патролен социјален работник и патролен психолог, информираат од локалната самоуправа на општина Кратово.

За реализација на активностите биле ангажирани девет невработени лица и тоа пет негуватели на стари и изнемоштени лица, соработник за физичка култура, соработник за музичка уметност, социјален работник и психолог. Ангажираните лица ги извршувале своите работни обврски со половично работно време за што добивале месечен надомест од 6.200 денари, задржувајќи го статусот на невработени лица.

Вкупниот број на опфатени крајни корисници на услугите од проектот „Заедно сме посилни“ изнесува 360, меѓу кои 50 стари и изнемоштени лица, 100 деца на предучилишна возраст, 200 деца од училишна возраст како и 10 деца со пречки во развојот.

Од општина Кратово истакнаа дека континуирано работат на унапредување на социјалните дејности и системот на социјална заштита и во иднина остануваат отворени за соработка на вакви и слични проекти од областа на социјалната сфера со цел обезбедување на поквалитетен живот за грѓаните.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај