Во Кратово отворен ден „На секое дете му треба семејство“

Од:

Во кино салата на Дом на култура, Кратово денеска ќе се одржи отворен ден насловен „На секое дете му треба семејство“.

Од Јавна установа Центар за социјална работа-Кратово информираат дека овој отворен ден се одржува по повод националната кампања за промоција на згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“ организирана и подржана од Министерството за труд и социјална политика, Уницеф Македонија и СОС Детско Село Македонија

Оттаму ги поканија сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да присуствуваат на настанот и детално да се информираат за кампањата „На секое дете му треба семејство“.

На настанот е најавено присуствуво и обраќање на шефот на канцеларијата на Уницеф во Македонија, Бенџамин Перкс, шефот на канцеларија на УНИЦЕФ Македонија, Соња Кипровска.

Претставување на згрижувањето како облик на заштита на децата ќе изврши Невенка Јовановска, директор на јавна установа Центар за социјална работа Кратово, а своето искуство со присутните ќе го сподели згрижувачот Ремзије Јусуф.

Воведен збор на настанот ќе има градоначалникот на општина Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Би можело да ве интересира

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Пендаровски: Армијата не добила барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

Катерина Ѓуровски

Четири прекршувања на полициски час во Крива Паланка и Кратово

А1он

Казни од по 1.000 евра за тројца кумановци и четворица кратовци кои го прекршиле полицискиот час

А1он