Согласно правилата на играта на среќа Лото 7, со достигнувањето на фонд за 7-ка од 30 000 000 денари, добивката за оваа категорија се замрзнува, при што од ова тековно коло 43, добивката за оваа категорија изнесува 30 000 000 денари. Средствата над тој износ ќе се распоредат во фондот од втората категорија добивки, односно, се распоредуваат во категоријата за добивки со 6 погодоци. Доколку во колото не е постигната категоријата со шест погодоци, во тој случај фондот за 7-ка и фондот за 6-ка одат во категоријата добивки со пет погодоци. Со ова мерка ќе се постигне добивките со шест погодоци, или евентуално добивките со пет погодоци, да бидат поатрактивни, што очекуваме да привлече поголем интерес кај играчите.
Сумата од 30 000 000 денари е досега рекордна сума за премијата на играта на на среќа Лото 7. Минатата година се приближивме до оваа сума во коло 5, на 8 мај 2019 г., кога беше постигната 7-ка во вредност од 29 293 930 денари. Од почетокот на приредувањето на играта лото од страна на Државна лотарија, за 10 години, постигнати се вкупно 23 премии во вредност од 6 000 000 до 29.293.930 денари и тоа во: Кичево (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1), Неготино (1), Струмица (1), Тетово (1), Куманово (2), Битола (4) и Скопје (11).
Во минатото коло (42) имавме црвено топче кое ги удвои добивките за категориите со 6, 5 и 4 погодоци и добивме 7 шестки секоја во вредност од 90.050 денари.
Тековното коло 43 чие извлекување ќе е во сабота на 30 мај, можно е да донесе рекордна висина на добивка/и со 6 погодоци.
Пред само неколку кола имавме онлајн играч од Гостивар којшто со уплата на скратен систем освои 6-ка вредна 385.160 денари, а пред 10 кола онлајн играч во Гевгелија освои 6-ка вредна 348.297,50 денари.
Доколку досега не сте се регистрирале за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, ве потсетуваме да го направите тоа час поскоро.
За онлајн играчите имаме и актуелна кампања 300+100.
За повеќе информации за неа и другите поволности, побарајте на нашите социјални медиуми и на веб страната www.loto.mk
ПР Текст