Во Центарот за јавно здравје во Кочани од почетокот на овој месец регистрирани се 24 заболени од грип, додека во јануари пријавени се 14 случаи.
Најголемиот број заболени, според Благица Ѓурковиќ директор на Заводот за јавно здравје во Кочани, се на возраст од 15 до 64 години, односно 32 лица, додека шестмина се над 65 години.
– Епидемиолошката служба на Заводот за јавно здравје – Кочни редовно го следи и бројот на горнореспираторните заболувања од кои регистрирани се 450 заболени неделно, што е очекувано за овој период од годината, истакна Ѓурковиќ.