Во Кисела Вода започнува проектот „100 обновени пешачки премини“

Од:

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) денеска потпишаа согласност за реализирање на проектот „100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода, и компаниите Евроинс осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.

Проектот е за подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела Вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска потенцираше дека компаниите во Македонија покажуваат висока општествена одговорност вклучувајќи се во вакви проекти, како и за обновувањето на 100. пешачки премини кои се дел од националната стратегија на Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот и патиштата.

– Во текот на првото полугодие од оваа година на подрачјето на Скопје и околината се случија вкупно 2.026 сообраќајни незгоди и тие значат зголемување во однос на истиот период од минатата година каде што се евидентирани 1.983, во кој животот го загубиле 26 учесници во сообраќајот, од кои осум пешаци, тројца велосипедисти и еден мотоциклист, рече Јанкулоска.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Алексиќ Беличанец го искажа своето задоволство за, како што кажа, тоа што Кисела Вода е прва во проектот за одбележување на 100 пешачки премини.

– Човечкиот живот нема цена, токму поради тоа Кисела Вода останува посветена на безбедноста на своите граѓани на сите нивоа од секојдневното живеење, изјави Беличанец.

Таа истакна дека општината, покрај надворешната безбедност во Кисела Вода, се грижи за подигање на стандардот и условите во градинките, основните и средните училишта со преземање на повеќе проекти за реконструкција на истите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош