Во Кичевско пронајдена и уништена минофрлачка граната

Од:

На падините на планината Љубен над кичевското село Цер изутрината е пронајдена и со контролирана експлозија уништена артилериска минофрлачка граната од 125 милиметри, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Гранатата во раните утрински часови ја нашле вработени од Шумското стопанство Лопужник – Кичево. Тие го известиле подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево, а пиротехничарот од подрачното одделение веднаш се упатил на самото место.

– Поради опасноста од експлозија при транспорт на пронајдената граната, таа е уништена со контролирана експлозија на самото место место. Со тоа е отстранета опасноста од последици од нејзино случајно активирање, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски